Синџирот На Дејзи. Owen Jones

Читать онлайн.
Название Синџирот На Дејзи
Автор произведения Owen Jones
Жанр Зарубежные детективы
Серия
Издательство Зарубежные детективы
Год выпуска 0
isbn 9788835418160



Скачать книгу

знаат, но кога јас сугерирав дека е противничка ирска

      банда од дома, тој не рече дека не е.“

      „Освен моторџиите, други повредени има?“

      „Чуварот не е добро. Има рани од шрапнел, а големите шипки од ковано

      железо убаво го треснале кога експлодирале кон куќата. Но, веројатно ќе

      преживее.

      Чистачката има парчиња стакло во газот, но добро е. О’Лириеви биле

      одзади, блиску до базенот, така што и тие се сите добро.

      „Дали дошла полиција? Мислам дека слушнав сирени, но дотогаш веќе

      спиев и можно е да сум сонувал.“

      „Не, дошла... исто и пожарната и брзата помош, откако сѐ завршило.

      О’Лириеви дотогаш веќе со рејнџ роверот ги имале однесено чуварот и

      чистачката во болница. Брзата помош ги однела телата на моторџиите, пожарната го испрскала расчадениот крш, па проверила дали куќата има

      претрпено структурно оштетување, а полицијата поставила кордон околу

      местото. Сѐ уште ги има многумина таму, се трудат да изгледаат загрижено

      и зафатено.

      „Ме прашаа дали сум видел нешто, а јас им одговорив дека сум го видел

      само чадот. Ги заболе нив, само да не се вмешани Шпанци.“

      „Не, имаш право. Па, фала ти, Тони. Одлично сработено, како и секогаш.

      Мислиш дека ние сме во некаква опасност?“

      „Не, шефе, само морковите, ова, извинете, шефе, Ирците, си водат војна

      за територија. Нема никаква врска со нас. Сепак, јас викнав уште некој пар

      раце, за секој случај.“

      „Добро. Јадеше ли?“ го праша, покажувајќи кон столче.

      „Не, но ќе ме чека нешто за јадење кога ќе се вратам во канцеларија.

      Фала.“

      „Ако сакаш така, Тони... Секогаш си добредојден, го знаеш тоа. Добро, како сакаш, да не те задржувам, те чека јадењето. Ќе се видиме после, на

      патрола.“ Џон сакаше да шета двапати дневно низ градините во близина на

      куќата, пред да си легне, како дел од режимот вежби.

      ∞

      Џон Балтимор првпат се беше доселил во Марбеља на четириесет и пет

      години, но не засекогаш, иако периодите во кои престојуваше таму

      постепено се издолжуваа. Тој немаше пребегано таму како многумина пред

      него, но имаше заработено и наследено многу пари за да почне да си мисли

      дека веројатно е добра идеја да замине од Обединетото Кралство пред

      некои луѓе, што ги подразбира полицијата, управата за јавни приходи и

      медиумите, да почнат со своите прашања. Ако чукнат на доволно врати, кога-тогаш нешто ќе ги насочи кон него, па затоа емигрираше, иако и тој, како татка си, со децении поседуваше имот во Андалузија.

      Во медиумите брегот од провинцијата во Малага го нарекоа Коста дел

      Криминал, но тука се криеше поголема вистина од онаа што повеќето, што

      значеше британската јавност, ја знаеја. Беше тоа соодветен опис, што се

      однесуваше на опсежното британско малцинство во областа. Голем дел од

      британската мафија се беше преселил на Коста дел Сол, со